ПРАШАЛНИЦИ И АНАЛИЗИ
Онлајн формите кои ние ги креиравме за Вас и Вашите потреби можат да најдат соодветна примена за добивање на одередени повратни информации од вработените во врска со повеќе прашања.
АНАЛИЗА НА РАБОТНО МЕСТО
Нашата онлајн анализа Ви овозможува преку следење на неколку дефинирани чекори да дојдете до одреден заклучок оклку тоа колку конкретното работно место кое е предмет на проверка ги исполнува очекувањата за кои е креирано.
1. Првиот чекор се задржува на општите податоци за работното место како назив, ниво, област, и организациона единица.
2. Вториот чекор се однесува на деталите поврзани со работното место, односно цел и работни задачи, детали околу рабтното време како и платата.
3. Во третиот чекор се случува и деталната проверка на корисноста преку неколку параметри како ниво на извршување на работните задачи, ефективни работни часови како и учеството на работното место во финалниот продукт.
4. Последниот чекор го носи конечниот заклучок околу корисноста на работното место преку комбинација од повеќе резултати.
Пополнувањето на овој прашалник се одвива во повеќе делови.
Првиот дел се однесува на општите податоци за работното место. Вториот дел се однесува на работата и задоволството од истата. Третиот дел се оденсува на нивото на комуникацијата и споделувањето информации внатре во организацијата. Четвртиот дел се однесува на можноста за развој и напредок во компанијата. Петтиот дел се однесува на мисијата на компанијата додека пак шестиот на бенефитите кој компанијата ги овозможува за вработените. Последниот дел се однесува на респектот односно нивото на почит кој компанијата им го дава на вработените.
ПРАШАЛНИК ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА ВРАБОТЕНИТЕ
Преку нашиот прашалник Ви нудиме можност за проверка на општото задоволство кај вработените кое е од исклучителна важност за достигнување и одржување на високо ниво на мотивираност, посветеност и пожртвуваност во извршувањето на работните задачи.
ПРАШАЛНИК ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИОТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
Прашалникот за задржување на вработениот на работното место дава точна информација за тоа колку вработениот е задоволен од својата работа и дали би останал на истото работно место и во истата организација во иднина.
Заради задржување на квалитетниот кадар во Вашата компанија неопходно е секогаш да имате увид во тоа колку истиот е расположен да остане и задоволен од она што го добива.
Прашалникот за задржување на вработениот на работното место преку јасни, кратки и прецизни прашања кои ќе бидат одговорени од страна на вработениот, му овозможува на работодавецот да дојде до посакуваната информација околу тоа колку неговите вработени се задоволни што се дел од организацијата.
Истовремено дадените одговори ќе произведат информација околу евентуалното заминување и останување на вработените во компанијата, дали истата би ја препорачале на своите блиски како добра работна средина, како и што е тоа што треба да биде подобрено односно променето со цел квалитетните но незадоволни вработени да бидат задржани.
1. Во првиот дел од апликацијата се внесуваат општите податоци за кандидтатот.
2. Вториот дел ги содржи податоците кои се однесуваат на стручните квалификации на кандидатот.
3. Во третиот дел кандидатот ги внесува информациите за дополнителните квалификации кои ги поседува (доколку ги поседува).
4. Четвртиот дел се однесува на податоците поврзани со претходното работно искуство на кандидтатот.
5. Во последниот дел апликацијата му нуди можност на кандитатот да го прикачи своето CV, мотивациско писмо, како и дополнителни документи доколку има потреба од истите.
ОНЛАЈН АПЛИКАЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Користењето на оваа онлајн услуга овозможува аплицирање на потенцијалните кандидати за вработување по електронски пат преку внес на сите неопходни податоци и прикачување на сите потребни документи неопходни за да биде извршен вистинискиот избор на најкомпетентниот кандидат за конкретното работно место. Самиот процес на аплицирање се одвива во неколку делови.