Archives декември 21, 2018

Успешно реализиран семинар за Јавни набавки ‼️

Огромно задоволство ни претставува што тимот на Сцс – Скопје зема учество на дводневниот семинар за јавни набавки на тема: “НОВИНИ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ, КАКО И КОГА ДА СЕ ПОДГОТВИТЕ ЗА ПРИМЕНА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ“

Настанот се одржа во периодот од 14ти до 16ти декември 2018 година, во хотел “Епинал” – Битола, во организација на нашите пријатели Асоцијацијата на професионалци во јавните набавки АПЈН, подржано од Смарт Консалтинг Солушнс- Скопје.



На семинарот земаа учество претставници од договорни органи и економски оператори, лица на управувачки и раководни позиции, членови на комисии за јавни набавки, одговорни лица и вработени во организационата
единица за јавни набавки. Низ различните теми кои беа опфатени на семинарот се дадоа значајни одговори на многу прашања поврзани со управувањето на јавните набавки и се направи паралела на постојното законско решение наспроти предлог- новиот закон за јавните набавки. Фокусот беше поставен на Предлог-законот, односно какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката.

На семинарот беше претставен и новиот пристап на консалтинг услугите во областа на јавните набавки – online consulting system-от за јавни набавки изработен од СЦС Скопје. Се даде детално објаснување на функционалностите кои нашата веб платформа и веб алатки ги нудат, како и значењето и битноста на жалбите по јавни набавки во новиот консалтинг пристап.

Благодарност до сите присутни слушатели и се надеваме на уште многу успешно реализирани семинари.