Archives декември 24, 2018

Успешно реализирана обука наменета за вработените од Јавниот сектор ‼️

На 19.12.2018 година во хотел “Континентал”- Скопје, успешно се одржа еднодневна обука на тема: “Спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор”, организирана од страна на Смарт Консалтинг Солушнс. Учество земаа вработените од јавниот сектор, односно засегнатите лица во оваа проблематика, од повеќе институции ширум Република Македонија.

На обуката детално се обработија чекорите кои ги предвидува Методологијата за спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор, во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор, кој наметнува обврска за подготвување акти за внатрешна организација и систематизација врз основа на препораките произлезени од спорведената функционална анализа.



Фокусот беше насочен кон развивање на дискусија преку која учесниците ги дефинираа проблемите со кои што се соочуваат во процесот спроведување на функционалната анализа. Со заеднички труд и размена на искуства се предложија конкретни насоки и препораки кои би воделе кон подобра организираност и унапредување на работата во Јавните институции.

Се надеваме на уште многу успешно реализирани обуки, бидејќи нашата цел е секогаш да излеземе во пресрет  на потребите и да помогнеме во стручно усовршување и дообразување на работната сила во Република Македонија.

Благодарност до сите присутни учесници и на укажаната доверба.