Успешно реализирана практична обука за јавни набавки
На 08 мај 2019г. во хотел “Континентал” се одржа уште една високо продуктивна и практична обука за јавни набавки на тема: “Подготовка на тендерски документации согласно новиот закон за јавни набавки”. На обуката беа обработени сите оние клучни прашања поврзани со законските одредби кои се однесуваат на содржината на тендерските документации и техничките спецификации.
Со помош на интерактивна дискусија беа предложени конкретни насоки како да се дефинираат критериумите за избор на економски најповолна понуда. Се разговараше за одредбите во тендерската документација во однос на правната заштита и за најчестите пропусти во тендерските документации кои доведуваат до поништување на постапките и кои дефинитивно треба да бидат во фокусот на вниманието на Договорниот орган.
Голема благодарност до нашите слушатели!
Leave a Reply