Професионална тренинг програма за јавни набавки ~ 01.10.2019г.

Професионална тренинг програма за јавни набавки ~ 01.10.2019г.

↪ ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ПРОФЕСИОНАЛНА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ?

Професионалната тренинг програма „МЕНАЏМЕНТ СО ЈАВНИ НАБАВКИ“ е наменета за лица вработени во економски оператори,
договорни органи, како и сите оние физички лица кои имаат интерес во областа на јавните набавки.
Доколку сте еден од нив и имате потреба од квалитетна, професионална и стручна обука Ви ја нудиме оваа уникатна можност за Вас.

↪ ВО КОИ ОБЛАСТИ ЌЕ СТЕКНЕШ ЗНАЕЊЕ И ВЕШТИНИ ?

МОДУЛ 1 – Вовед во законот за јавни набавки

  • Општи согледувања на одредби од законот
  • Начела на ЗЈН и видови на постапки
  • Вредносни прагови на постапките и исклучоците
  • Видови на огласи и известувања преку ЕСЈН
  • Критериум за избор – економски најповолна понуда
  • Управна контрола во постапките за јавни набавки

МОДУЛ 2 – Одговрности и надлежности на лицата вклучени во процесот на јавни набавки

  • Улогата на членови на комисија за јавни набавки
  • Улогата на стручната служба за јавни набавки
  • Улогата на одговорното лице на правно лице /договорен орган
  • Улогата на одговорно лице на правно лице / економски оператор

МОДУЛ 3 – Планирање на учеството / потребата од спроведување на постапки за јавни набавки

  • Планирање на потребата од набавка
  • Проценување на вредноста на набавката
  • Објавување на годишен план на ЕСЈН
  • Подготовка на годишна стратегија за учество на постапки за јавни набавки
  • Следење на реализација на годишна стратегија за учество на постапки за јавни набавки

МОДУЛ 4 Управување со процес на доделување на договори за јавни набавки / рамковна спогодба (договорни органи vs економски оператори)

  • Предмет на набавка, деливост и материјални прописи
  • Критериуми за избор на најповолна понуда
  • Критериуми за утврдување на способност
  • Стандарди за системи за квалитет
  • Стандарди за управување со животна средина
  • Посебни начини на доделување на договори
  • Средства за обезбедување
  • Технички спецификации

МОДУЛ 5 – Практичен тренинг – Најчести пропусти во процесот на доделување на договори за јавни набавки (договорни органи vs економски оператори)

  • Најчести пропусти на договорните органи
  • Најчести пропусти на економските оператори
  • Најчести пропусти по фази од постапката
  • Најчести пропусти во тендерските документации
  • Најчести пропусти во фазата на евалуација на понудите
  • Најчести пропусти во понудите

МОДУЛ 6 – Практичен тренинг –  Креирање / проверка на одлука, оглас, тендерска документација (договорни органи)

  • Објавување на оглас и тендерска документација на ЕСЈН
  • Измена на оглас и тендерска документација
  • Одговори на барања за измена на тендерска документација и барања за појаснување
  • Правна заштита по однос на оглас
  • Прашања во процесот на евалуација

МОДУЛ 7 – Практичен тренинг – Подготовка и поднесување на понуда и евалуација  на понуди (економски оператори)

  • Превземање на објавен оглас и тендерска документација
  • Утврдување на барањата на договорниот орган
  • Доставување на барања за измена на тендерска документација и барања за појаснување
  • Правна заштита по однос на оглас
  • Одговори на прашања во процесот на евалуација

МОДУЛ 8 – Практичен тренинг – Правна заштита

  • Можности за изјавување на жалба по јавна набавка
  • Битни повреди на законот и други повреди на законот и материјалните прописи
  • Креирање на е-жалба
  • Креирање на одговор на жалба по јавна набавка

МОДУЛ 9 – Практичен тренинг – Мерки за подобрување на перформансите во процесот на јавни набавки

  • Избор на соодветен вид на постапка за јавна набавка
  • Избор на соодветен начин на доделување на договор/рамковна спогодба/динамичен систем на купување
  • Избор на соодветен критериум за избор на најповолна понуда
  • Избор на соодветен вид на средства за обезбедување
  • Користење на способност од други
  • Групни понуди

МОДУЛ 10 – Практичен тренинг – СМАРТ УЧЕЊЕ

  • Онлајн теоретски тренинг на електронска платформа
  • Онлајн практичен тренинг на електронска платформа

↪  10 МОДУЛИ | 40 ЧАСА | 10 НЕДЕЛИ | ГРУПАТА Е СОСТАВЕНА ОД 9 ЛИЦА |
↪ ПОЧЕТОК: 01 октомври 2019г.

Часовите се одржуваат 2 пати во неделата, во попладневните часови, во просториите на Смарт Консалтинг Солушнс.
(Ул. Видое Смилевски Бато бр.37 Лок.1, 1000 Скопје)

Цената изнесува 36.000 ден, за рана пријава до 1ви август истата изнесува 30.000 ден.  (можност за плаќање на рати без камата)

Доколку имаш интерес да бидеш дел од оваа професионална тренинг програма, твоето учество пријави гo на: 071 916 – 732  или на следниов линк: https://bit.ly/2XYMYJl

Дознај повеќе: https://bit.ly/2XRWpGm

Ненад Николовски

Leave a Reply