Клучни вештини за успешен тендер !

Клучни вештини за успешен тендер !

ВЕШТИНА 1

Според нашето стручно мислење, една од најважните вештини кои треба да ги има лицето или тимот задолжени за изготвување на понуди по постапки за јавни набавки е токму вештината за анализа на барањата во тендерската документација. Имено, со помош на оваа вештина компаниите (економските оператори) би биле способни да ги спознаваат и  детектираат критериумите, услови и спецификациите на секоја постапка за јавна набавка. Нашата консултантска поддршка преку „смарт сервисите за следење на правната заштита во јавните набавки“ во голема мера ќе Ви помогнат да ја анализирате тендерската документација, преку воспоставената правна пракса и ќе Ви помогне да ја стекнете вештината за анализа на тендерските барања.

Со поседувањето на оваа вештина Вие целосно ќе ги разбирате тендерските барања на секоја одделна постапка, ќе можете да процените што е тоа што потенцијално би можело да влијае на ограничување на конкуренцијата, односно да ја загрози Вашата успешност во постапките за јавни набавки.

Оваа вештина, ние поинаку би ја нарекле “Вештина за обезбедување на успехот“.

ВЕШТИНА 2

Имено, оваа вештина зависи од критериумот за избор на најповолна понуда, кој го одредуваат договорните органи и може да зависи од само од цената, потоа од најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот или пак од трошоците на животниот век.

Со оглед дека во праксата најчесто се употребува цената како единствен критериум, она што Вие треба да го поседувате како вештина на економски оператори е да ја прилагодите вкупната цена на понудата во рамките на генералната ценовна стратегија на Вашата компанија. Во голема мера одлучувачко влијание во ваков случај има позиционираноста и застапеноста на Вашата компанија на пазарот, односно поголема застапеност на пазарот или пазарна доминација, вообичаено би значело помала флексибилност во ценовната политика, а додека пак  помалата застапеност на Вашата компанија на пазарот, вообичаено би значело потреба од поголема ценовна флексибилност.

Вообичаено оваа вештина е поврзана со одговорноста на генералните менаџери, а додека  прагот на рентабилност е долната граница на флексибилност на цената на понудата. Но она на што треба да се внимава при креирањето на цената, тоа е начинот на доделување на договор за јавна набавка кој може да биде во форма на договор за јавана набвака или во форма на рамковна спогодба. Исто така, имајте предвид дека доколку начинот на доделување на договор е рамковна спогодба, тоа може да влијае на зголемување на цената во случај доколку се бара континуирана достапноста на залиха на производи од широка и некомерцијална палета на производи.

ВЕШТИНА 3

Колку често како компанија (економски оператор) сте се соочиле со постапка за јавна набавка во која веќе поставените критериуми, услови или спецификации во истата ја ограничуваат Вашата можност за учество ? Сте се запрашале ли дали тоа е во согласност со законот за јавни набавки ?

Претпоставуваме дека одговорот на повеќето компании (економски оператори) е дека тие се соочиле со таква ситуација и не се сигурни дали е тоа во согласност со законот. Вештината за “реакција“ по однос на дискриминирачки или незаконски критериуми, услови или спецификации е од големо значење за Вашата успешност во процесот на јавни набавки.

Нашиот совет е „Не ја губете надежта на стартот од постапките за јавни набавки!“. Имате можност да го промените она што не е во согласност со законот, а уште повеќе што закон за јавни набавки посветува големо внимание на малите и средни претпријатија и налага деливост на постапките за јавни набавки со цел поголема партиципација на истите.

ВЕШТИНА 4

Подготовката на понудата за постапка за јавни набавки е многу сериозна активност за компаниите (економски оператори) и бара посебно внимание од една страна на техничките барања (критериуми, услови и спецификации), а од друга страна на формално-правната исправност на истите. Затоа вештината која се однесува на формално-правната авторизација ќе Ви овозможува превенција од пропустикои би можеле да влијаат на успешноста. Така во праксата деливоста на постапката, начинот на доделување на договорот, здружувањето во форма на групна понуда или техничка поддршка можат да ви создадат проблеми од формално-правна природа.

Затоа, пред да ја поднесете понудата задолжително проверете и авторизирајте ја формално-правната “исправност“ на понудата.

ВЕШТИНА 5

За  секоја постапка за јавна набавка неопходно е да постои лице/а кои ќе бидат задолжени да обезбедат квалитет на понудата во облик како што е баран од договорниот орган. Вообичаено, овие лица се одговорни за координација на активностите во врска со поднесувањето на понудата, следење на роковите, измените и дополнувањата, препраќање на стручни барања до соодветните стручни служби и слично.

Едноставно, преку оваа вештина потрено е да и овозможите на Вашата компанија (економски оператор) да биде координирана во процесот на поднесување на понудите, а со цел обезбедување на квалитетна понуда и успешен тендер.

ВЕШТИНА 6

Знаењето на правната заштита во јавните набавки е огромно. Правната заштита во јавните набавки влијае на основните начела во овој процес и обезбедува: трнаспарентност, конкурентност, економичност, ефикасност, недискриминација итн.  Затоа вештината за правна заштита во процесот на јавните набавки ќе Ви помогне да ја осигурате Вашата успешност во овој процес. Имено, навременото и основано оставрување на правото на жалба, независно во која фаза од постапката, може да значи многу за Вашата успешност на тендерот.

Правната заштита не претставува игра на среќа, туку исклучителна вештина која покрај тоа што влијае на обезбедување на интегритетот на постапките за јавни набавки, исто така влијае и на Вашата успешност на истите .

Конечно, клучно е да се осигурате дека Вашата компанија (економски оператор) ги поседува сите овие вештини и да пристапите кон трансформација на “неизвесните понуди“ во УСПЕШНИ ПОНУДИ !

д-р Ненад Николовски

Консултант за јавни набавки – СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Ненад Николовски

Leave a Reply