Втора панел дискусија и нетворкинг за јавни набавки

Втора панел дискусија и нетворкинг за јавни набавки

 

Друштвото Смарт Консалтинг Солушнс е организатор на втора панел дискусија и нетворкинг за јавни набавки, а по повод обележување на една година од примената на законот за јавни набавки.

 

  • Идеја на настанот

Дискусија околу предностите и недостатоците од воведувањето на законот за јавни набавки, истакнување на најчестите грешки и повреди по однос на законот за јавни набавки преку обработка на примери од праксата, одговорање на сите актуални прашања и дилеми поврзани со примената на законот за јавни набавки, обезбедување продуктивна дискусија која ќе доведе до практични решенија за дилемите и нејаснотиите произлезени од законот за јавни набавки и конечно воспоставување на подобра перформанса на сите учесници во постапките за јавни набавки преку примена на современи дигитални решенија.

  • Причина за одржување

Обележуваме точно една година од воведување на законот за јавни набавки преку оддржување на неколку часовна дискусија на која што ќе присуствуваат сите заинтересирани учесници во процесот на јавни набавки – договорни органи како и економски оператори, при што ќе се направи една ретроспектива на изминатата година преку активно вклучување на учесниците во дискусија. Преку вклучувањето на учесниците во дискусијата и споделувањето на искуствата, целта е заеднички да дојдеме до предлози за изменување и дополнување на законот за јавни набавки.

  • Панелисти

Панелисти на настанот ќе бидат претставници од Бирото за јавни набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки како и од договорни органи и економски оператори, со што ќе се опфатат сите поврзани теми и ќе бидат одговорени голем број прашања и ќе бидат дадени појаснувања по однос на дилемите за јавните набавки.

  • За кого е наменета

Сите лица кои директно или индиректно се вклучени во процесот на јавните набавки како од страна на договорните органи, така и од страната на економските оператори, како и од надлежните органи и надлежните институции за спороведување на законот за јавни набавки.

  • За организаторот

Друштвото за консалтинг услуги Смарт Конслатинг Солушнс Скопје е првата компанија на македонскиот пазар, која има за цел преку консалтинг поддршка да се подигне нивото на свесност и квалитетот на системот за јавни набавки преку директна соработка со договорни органи и економски оператори, како во процесот на едукација преку In-house обуки, платформа за е-учење на јавните набавки, така и преку директна консалтинг поддршка во конкретните постапки за јавни набавки. Наша цел се задоволни клиенти ? Котизацијата изнесува 2.000,00 денари по лице без ДДВ.

ПРИЈАВА ЗА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

Тина Рашиќ

Leave a Reply