Обуки за јавни набавки
Постојаното учење и напредување е од суштинско значење за успехот на секоја организација. Обуките и развојот на вработените помагаат во обликување на вработените според потребите на организациите на начин што преку нив се зголемува иновативноста, креативноста, ефикасноста, продуктивноста во работата, а со тоа се подобрува и успешноста на целата организација.
При креирање на содржините на обуките, секогаш се водиме од идентификуваните потреби за стручно усовршување кај вработените од јавниот и приватниот сектор. Настојуваме да понудиме висококвалитетни обуки, кои ќе ги надминат очекувањата на нашите клиенти и ќе го подржат нивниот концепт на доживотно учење. Фокусирајќи се од потребата за меѓусебно информирање, вмрежување и споделување на искуства, обуките се реализираат преку интерактивен пристап и дискусија за сите реални проблеми и потешкотии со кои се соочуваат вработените во праксата, се со цел нивно анализирање и предлог на конкретни насоки и решенија за истите.
ДОГОВОРНИ ОРГАНИ
- Обука за изработка на годишни планови за јавни набавки и проверки на пазарот
- Обука за изработка на одлуки за јавни набавки, тендерски документации и огласи за јавни набавки
- Обука за евалуација на понуди и употреба на електронскиот систем за јавни набавки
- Обука за процесот на правна заштита
ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ
- Обука за проверки и начин на толкување на барањата од тендерските документации
- Обука за практична употреба на електронскиот систем за јавни набавки, подготвување и поднесување на понуди
- Обука за процесот на правна заштита
КОНТАКТ
Доколку сте заинтересирани за нашите обуки на горенаведените теми или имате индивидуална/организациска потреба за стручно усовршување на тема која е од Ваш интерес, контактирајте не на нашата официјална e-маил адреса scs.consalting@gmail.com и ние ќе се потрудиме да излеземе во пресрет и да ги задоволиме Вашите потреби.