Еднодневна интерактивна обука за јавни набавки -06.06.2019г.
Ве покануваме на еднодневна обука за јавни набавки на тема: “Одговорности на лицата вклучени во процесот на јавни набавки”.
Обуката е наменета за претставници на договорните органи и економските оператори со цел да:
– Се запознаат со новините во системот за јавни набавки од аспект на одговорности и надлежности на лицата вклучени во процесот на јавните набавки;
– Да добијат одговори, разменат мислењa и дискутираат за прашања поврзани со секојдневните предизвици со кои се соочуваат во процесот на јавните набавки;
– Подетално да се запознаат со механизмите кои им стојат на располагање со цел заштита од можни ризици при спроведување на постапките за јавни набавки;
– да ги добијат потребните знаења од аспект на превенција на ризиците поврзани со корупција во постапките за јавни набавки.
Обуката ќе биде спроведена на високо интерактивно ниво со дискусии и примери за тоа што се нѐзасега во секојдневното работење во областа на јавните набавки. На истата, учесниците ќе имаат можност да бидат запознаени со најважните измени во регулативата, најактуелните проблеми кои постојат во самиот систем за јавни набавки, правната заштита во јавните набавки и можни ризици
при работењето на оваа проблематика. Воедно, учесниците ќе имаат можност да се запознаат поконкретно и со практични примери и можни дилеми при имплементација на новиот Закон за јавни набавки.
Легислативен опфат:
– Закон за јавни набавки и подзаконските акти;
– Законот за спречување на корупција и судир на интереси;
– Законот за заштита на укажувачи и
– Кривичен закон
➡️Погледнете ја агендата: https://bit.ly/30Ogi3x
➡️Пријавен лист: https://bit.ly/2YQmciO
Пријавувањето го правите со пополнување на пријавен лист и испраќање на истиот на нашата електронска пошта scs.consalting@gmail.com
? 071/ 916-732
Leave a Reply