Напредна тренинг програма за вработените од јавниот сектор
↪ ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА НАПРЕДНА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА ?
Програмата е наменета за вработените од јавниот сектор, задолжени да ги спроведуваат законските одредби од областа на човечките ресурси.
↪ ВО КОИ ОБЛАСТИ ЌЕ СТЕКНЕШ ЗНАЕЊЕ И ВЕШТИНИ ?
1. Запознавање со основата, развојот и важноста на управувањето со човечки ресурси;
2. Специфичности и најзначајни аспекти од Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор;
3. Детална обработка на процесот: спроведување Функционална Анализа во јавен сектор;
4. Подготовка на акти за внатрешна организација и систематизација на работните места;
5. Подготовка на годишни планови за вработување и практична употреба на електронскиот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР);
6. Постапки за пополнување на работни места во јавниот сектор, селекција унапредување, мобилност, значење на трансфер-листа;
7. Процесот на оценување како алатка за зајакнување на капацитетите на јавниот сектор;
8. Трендови и предизвици на HR професијата.
↪ 8 МОДУЛИ | 34 ЧАСА | 9 НЕДЕЛИ | ГРУПАТА Е СОСТАВЕНА ОД 9 ЛИЦА |
↪ ПОЧЕТОК: 16ТИ СЕПТЕМВРИ 2019Г
Часовите се одржуваат 2 пати во неделата, во попладневните часови, во просториите на Смарт Консалтинг Солушнс.
(Ул. Видое Смилевски Бато бр.37 Лок.1, 1000 Скопје)
Цената изнесува 24.000 ден, за рана пријава до 1ви август истата изнесува 18.000 ден. (можност за плаќање на рати без камата)
Доколку имаш интерес да бидеш дел од оваа напредна тренинг програма, твоето учество пријави гo на: 071 916 – 732 или на следниов линк: https://bit.ly/2JvAGij
Leave a Reply