Што кажа Елена, за Професионалната тренинг програмата за ЈАВНИ НАБАВКИ !

Што кажа Елена, за Професионалната тренинг програмата за ЈАВНИ НАБАВКИ !

Тимот на СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје разговараше со еден од учесниците на Професионалниот тренинг за јавни набавки, при што ги споделуваме  искуствата на ЕЛЕНА СТОЈАНОВА – Бизнис менаџер во БАПАЛ Благој Скопје.


СЦС Скопје: Елена, најпрво сакаме да Ви се заблагодариме за Вашето учество на Професионалната тренинг програма за јавни набавки. Ни беше огромна чест што бевте дел од првата група на учесници на уникатната програма за Менаџмент со јавните набавки”.

Елена: “Ви благодарам Вам, односно на Друштвото за консалтинг и услуги Смарт Консалтинг Солушнс Скопје за можноста да бидам дел од учесниците на Професионалната тренинг програма за јавни набавки на која во изминатите 10 недели имав одлична можност за теоретска и практична работа поврзана со различни теми од областа на јавните набавки”.


СЦС Скопје: “Каква е Вашата оценка за професионалната тренинг програма за јавни набавки”?

Елена: “Моето лично искуство од директното учество на Програмата за јавни набавки е позитивно од причина што обуката и програмата беше сеопфатна, детална и прецизна во укажувањето на сите оние битни работи, почнувајќи од подготвувањето на тендерска документација, начинот на анализирање на тендерските документации, подготовките на предлози за прашања,  па се до подготовката на понудите”.


СЦС Скопје: “Колку бевте задоволни од ангажираноста на обучувачите”?

Елена: “Од огромно значење ми беше тоа што обуките беа презентирани од страна на обучувачи кои се стручни и професионални во оваа област, обучувачи кои ни помогнаа преку примери на полесен начин да ги решиме сите оние дилеми кои ни се јавуваат во текот на нашата работа и да ни посочат битни елементи кои ќе ни ја олеснат работата поврзана со јавните набавки”.


СЦС Скопје: “Согласно Вашето искуство од самата програма, што би издвоиле како препорака?

Елена: “Мојата препорака е до сите оние на кои работата им е поврзана со јавните набавки, директно или индиректно, да се обратат на тимот на Смарт Консалтинг Солушнс со цел успешност во постапките и професионална експeртиза во областа на јавните набавки”.


 

Тина Рашиќ

Leave a Reply