Еднодневна обука на тема „Задолженијата на офицерот за заштита на лични податоци согласно со новиот закон за ЗЛП“

Еднодневна обука на тема „Задолженијата на офицерот за заштита на лични податоци согласно со новиот закон за ЗЛП“

Еднодневна обука на тема „Задолженијата на офицерот за заштита на лични податоци согласно со новиот закон за ЗЛП“

Почитувани,
Друштвото Смарт Консалтинг Солушнс Скопје Ве поканува на обука со физичко присуство на тема „Задолженијата на офицерот за заштита на лични податоци согласно со новиот закон за ЗЛП “, која ќе се одржи на 14.10. Петок  во Порта Македонија Скопје.

Иако помина една година од на новиот Закон за заштита на личните податоци сеуште има многу прашања околу начинот на спроведување на Законот како и практичната примена на одредени одредби од Законот.

Целта на обуката е да ги претстави главните концепти за безбедност на приватни и лични податоци и да предвиди насоки за дефинирање на технички и организациски мерки за исполнување на условите за безбедност на обработката на приватни и лични податоци. Основно запознавање со Законот, начелата, правната основа за обработка на личните податоци, подготвување на  анализа, мапирање на личните податоци, преземање на технички и организациски мерки, детектирање и пријавување на инциденти итн.

Оваа обука ќе ви овозможува да ги стекнете потребните знаења и вештини и да развиете компетентност за извршување на улогата на Офицер за заштита на личните податоци во спроведувањето на програмата за усогласеност со Законот за заштита на лични податоци.

Пријавувањето го правите со пополнување на пријавен лист и испраќање на истиот на: scs.consalting@gmail.com , најдоцна до 12.10.2022г

За повеќе информации – 71/ 916-732
Ненад Николовски

Leave a Reply